Јелена со машинка го претвори Новак од „пештерски човек“ во модерен маж (Видео)

„Не е лошо“, беше првата реакција на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ откако ја виде својата фризура по тричасовно шишање од страна на жена му Јелена. Новак и Јелена се во карантин во Шпанија, а госпоѓа Ѓоковиќ се пофали на социјалните мрежи како излегла на крај со улогата на фризерка.

Таа се „мачела“ три часа, но како што самата вели, морала да го среди „пештерскиот човек“. Откако се согласи да седне на „жешкото столче“, Ѓоковиќ на крајот беше задоволен од фризурата, иако само позади и од страна му беше скратена косата.

 

- Оглас -

Најнови вести