Јирген Клоп откри која му е најголема грешка во тренерската кариера

Еден од најдобрите тренери на денешницата, Јирген Клоп, ја анализираше својата кариера и откри за еден голем кикс што го имал додека бил на чело на Борусија Дортмунд. Клоп се сеќава дека во тоа време во Баер Леверкузен играл Хеунг-мин Сон, а германскиот стратег киксирал со тоа што не решил да го доведе Кореецот во своите редови.

„Една од најголемите грешки во животот ми беше тоа што не потпишав со Сон. Тој е исклучителен играч од светска класа и еден од најдобрите напаѓачи во светот“, призна Клоп.

Сон играше во Баер Леверкузен, а потоа во 2015 година за сума од 30 милиони евра направи трансфер во Тотенхем. Кореецот блесна во дресот на лондонскиот тим, каде што уште игра. Досега Сон има одиграно 344 меча за Тотенхем и постигнато 136 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести