Јокиќ беше на чекор од нов трипл-дабл, Денвер рутински ја доби Индијана (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс дојдоа до рутинска победа над Индијана од 117-109 и дојдоа до најголем број на победи од сите екипи во Западната конференција, но остануваат на третата позиција поради количникот, бидејќи имаат одиграно повеќе натпревари од ривалите.

Неизвесно беше само во првата четвртина која заврши нерешено, 28-28, но следните три ги доби Денвер и ја оправда фаворитската улога. Конечните +8 за актуелниот НБА шампион не ја отсликуваат реалната состојба на теренот, каде кошаркарите на Денвер комплетно доминираа и во ниту еден момент не беше загорезена нивната победа.

Никола Јокиќ беше најдобар на теренот, иако и Мареј и Потер имаа ист број на поени како и србинот, по 25. Сепак, Јокиќ беше на чекор од трипл-дабл, за кој му недостасуваше само една асистенција, додека мечот го заврши со 12 скока.

- Оглас -

Најнови вести