Јокиќ доцнеше на прес-конференција поради буцкото кој го остави Дјук без фајналфор во НЦАА (Видео)

Никола Јокиќ синоќа доминираше во дуелот на неговиот Денвер против Кливленд, остварувајќи трипл-дабл (26 поени, 18 скока и 16 асистенции), но по мечот доцнеше на прес-конференцијата и тоа поради хитот во универзитетската НЦАА-лига.

Новинарите ги интересираше зошто Јокиќ не се појави на прес-конференцијата во одреденото време, по што центарот им објасни дека го гледал мечот од плејофот во НЦАА-лигата меѓу Дјук и државниот универзитет Северна Каролина.

Северна Каролина славеше со 76:64 и се пласира на завршниот турнир за првпат по 1983 година, а Јокиќ беше воодушевен од играта на центарот Ди Џеј Бурнс.

„Тој е неверојатен. Шутира со лева рака, сакам такви играчи. Ми се чини дека и соиграчите го сакаат, така што мора да е добро момче“, им објасни Јокиќ на новинарите за центарот кој тежи 125 килограми.

Бурнс во победата над Дјук универзитетот постигна 29 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести