Јокиќ е фаворит за признанието МВП на сезоната во НБА!

НБА-лигата официјално ги објави тројцата кандидати меѓу кои ќе се бира најкорисниот кошаркар во НБА-лигата за оваа сезона. Тоа се центрите Никола Јокиќ од Денвер и Џоел Ембид од Филаделфија, како и бекот Стеф Кари од Голден стејт.

Србинот е единствен од тројцата кандидати кој одигра 72 меча сезонава, од Ембид беше за 903 минути повеќе на паркетот, а од Кари одигра цели седум меча плус. Јокиќ е најзаслужен што Нагетс беше трет на Западот, а просекот сезонава му е 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции по меч. Тој во седум категории е во Топ 15 во лигата, а беше и најконстантен.

Адут на Камерунецот Ембид е што тој е најдобар играч на најдобриот тим на Истокот, а Кари беше прв стрелец, имаше некои луди тројкашки партии, но неговиот тим немаше којзнае какви резултати. Предноста на Јокиќ е и тоа што тој е многу добар асистент и ги прави подобри и неговите соиграчи.

Ако победи Јокиќ, ќе биде испишана историја. Јокиќ беше 41-ви пик на драфтот во 2014 година, а досега ниту еднаш наградата за МВП не му припаднала на играч кој бил толку ниско избран на драфт.

- Оглас -

Најнови вести