Јокиќ е незадржлив: Трипл-дабл, плус поени за победа на 0,3 секунди до крај (Видео)

Никола Јокиќ повтрно блесна во НБА-лигата. Србинот имаше трипл-дабл, а ги даде и победничките поени за радост на Денвер против Сакраменто од 120:118. Јокиќ заврши со 20 поени, 18 скока и 11 асистенции, што е негов 28-ми трипл-дабл во кариерата. Кога Јокиќ има трипл-дабл, Денвер на свој терен е перфектен со 16 победи во низа.

При резултат 118:118, Јокиќ тргна да го решава мечот. Првиот негов обид беше непрецизен, но топката повторно се одби кај него и со поени од „одбојка“ донесе радост за домашните навивачи.

https://youtu.be/a8UjWHemcwE

Најинтересен меч кој се одигра ноќесна беше дуелот меѓу Кливленд и Бруклин. На овој дуел премалку беа 48 минути за да се дознае победникот, па се играа дури три продолженија. На крајот се радуваше Бруклин со 148:139.

Гркот Јанис, кој е една од главните ѕвезди на Олстар-мечот, беше незадржлив против Индијана. Популарниот Грик Фрик имаше трипл-дабл со 33 поени, 19 скока и 11 асистенции, за триумф на Милвоки.

Џејмс Харден не запира и повторно е над 30 поени. Овојпат тој даде 42 поени, но Хјустон загуби на гости кај Минесота. Мајами со тимска игра, во која седуммина играчи имаа двоцифрен број поени, го победи Далас.

Резултати: Кливленд – Бруклин 139:148 по продолжениja, Индијана – Милвоки 97:106, Бостон – Детроит 118:110, Њујорк – Филаделфија 111:126, Торонто – Вашингтон 129:120, Чикаго – Мемфис 122:110, Минесота – Хјустон 121:111, Далас – Мајами 101:112, Денвер – Сакраменто 120:118, ЛА клиперс – Феникс 134:107, Портланд – Голден стејт 129:107.

- Оглас -

Најнови вести