Јокиќ и Ембид уште еднаш покажаа зошто се фаворити за МВП трофејот (Видео)

Најдобриот тим во Западната конференција, Денвер нагетс загуби од Бруклин нетс со 120:122 иако во последната секунда Никола Јокиќ имаше шут за победа.

Денвер успеа да се врати од негатива од 11 поени (105:116) во последните пет минути, но во последните моменти од средбата Јокиќ кој беше најдобар играч на теренот, два пати промаши шут за победа. Прво на пет секунди до крајот при 120:121 не беше прецизен, а потоа и на 1,8 секунди не го погоди шутот за три поени.

И покрај поразот, Никола Јокиќ одигра неверојатен натпревар и дојде до 27-миот трипл-дабл сезонава со 35 поени, 20 скока и 11 асистенции. Јокиќ е првиот кошаркар во последните 40 години кој на два натпревари по ред остварил трипл-дабл со минимум 35 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Филаделфија сиксерс со 112:93 го победи Вашингтон, а прва ѕвезда беше Џоел Ембид кој е главен конкурент за Јокиќ за МВП трофејот за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната.

Њујорк никс со 112:108 го победи ЛА Лејкерс и ја прекина серија од три порази по ред. Најдобар во редовите на Њујорк беше поранешниот кошаркар на Лејкерс, Џулиус Рендл со 33 поени. Кај Езерцата, најпрецизен беше Дианџело Расел со 33 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести