Јокиќ и повреден доминира, но Денвер ја загуби битката за врвот на Западот, Вембањама одигра меч каков што не е виден повеќе од 30 години (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс се поразени од Минесота тимбервулфс со 111:98 во директната битка за првото место на Западната конференција.

На Денвер не му помогна ниту одличната партија на Никола Јокиќ кои постигна 32 поени иако играше повреден (има повреда на зглобот на десната рака). Покрај тоа имаше и 10 скока и пет асистенции.

 

Но, и покрај неговата одлична партија, Денвер втор меч по ред не успева да постигне повеќе од 100 поени и го доживеа вториот пораз на домашен терен.

Поразот го чинеше Денвер и губење на првото место на Западот од Минесота и Оклахома сити тандерс кој беше подобар од Феникс со 128:103.
Кај Минесота најдобри беа Ентони Едвардс со 25 поени, Мајк Конли со 23 и Руди Гобер со 21 поен и 12 скока.

Првиот избор на драфтот, Виктор Вембањама одигра неверојатен натпревар за Сан Антонио и покажа зошто многумина го сметаат за идна најголема ѕвезда во НБА-лигата.

Вембањама во победата на Сан Антонио од 130:126 над Њујорк и тоа по продолженијата, имаше учинок од 40 поени, 20 скока и седум асистенции.

Французинот стана првиот дебитант од 1993 година и Шекил О’Нил кој на еден меч имал најмалку 40 поени и 20 скока (46 поени и 21 скок на О’Нил против Детроит).
На Њујорк не му помогна ниту одличната партија за Џејлен Бронсон кој за 46 минути поминати на паркетот постигна 61 поен.

 

Резултати: Шарлот – Голден стејт 97:115, Индијана – ЛА Лејкерс 109:90, Орландо – ЛА Клиперс 97:100, Вашингтон – Детроит 87:96, Бруклин – Чикаго 125:108, Кливленд – Филаделфија 117:114, Мајами – Портланд 142:82, Оклахома сити – Феникс 128:103, Сан Антонио – Њујорк 130:126 (прод.), Денвер – Минесота 98:111, Јута – Хјустон 100:101, Сакраменто – Далас 103:107.

- Оглас -

Најнови вести