Јокиќ во улога на Оскар Робертсон, ги скроти Волците од Минесота со незаборавна партија баскет за историја (Видео)

Никола Јокиќ продолжи да приредува чуда во НБА лигата, а ноќеска одигра нова блескава симултанка во најсилната лига на светот против Минесота тимбервулфс.

Популарниот Џокер одлично се забавуваше со неговите импресивни асистенции, а постигна 35 поени, гарнирани со 15 скока во победата на Денвер нагетс од 123:116.

Притоа успеа да се израмни со легендарниот Оскар Робертсон како единствени двајца кошаркари во историјата на НБА што успеале во првите 7 меча да имаат учинок од 150 поени и по 75 скокови и асистенции.

Јокиќ иако е центар моментно е и најдобар асистент во НБА лигата со просек од 12.8 прецизни додавања што е раритет во светот на кошарката.

Вообичаено пиедесталот во оваа категорија им припаѓа на бековите, но Јокиќ засега е во предност пред Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Тре Јанг и Крис Пол во трката за најдобар асистент во лигата.

Ноќеска имаше шест прецизни додавања, но беше брилијантен во останатите две важни категории со 35 поени и 15 скока и најзаслужен за третата победа на Нагетс во седмиот меч во новата сезона во НБА лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести