Јокиќ има само пофални зборови за сензацијата во НБА: Ќе ја промени оваа игра

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по победата на неговиот тим од 132:120 над Сан Антонио спарс, имаше само пофални зборови за сензацијата во НБА-лигата и првиот избор од годинешниот драфт, Виктор Вембањама.

Вембањама, 224 сантиметри високиот кошаркар на Сан Антонио, мечот го заврши со 22 поена и 11 скока.

„Има само 19 години и не се плаши дали ќе се умори, исто така игра многу цврсто. Ништо не зема здраво за готово. Сега прави грешки и тоа е сосема нормално бидејќи е млад. Мислам дека медиумите не му помагаат многу, но ќе се навикне на тоа. Вембањама ќе биде човекот кој ќе ја промени оваа игра, мислам дека е веќе на тој пат. Тој е во состојба да се брани против секого на теренот, може да игра на сите пет позиции и тоа е добро за него“, изјави Јокиќ.

Комплименти за играта на Вембањама упати и тренерот на шампионот, Мајкл Мелоун.
„Многумина му се тргаат од патот, луѓето имаат страв дека некој ќе забие преку нив. Виктор Вембањама ќе забива против многумина кошаркари. Тој е фантастичен кошаркар и ќе биде сè подобар од сезона во сезона“, рече Мелоун.

- Оглас -

Најнови вести