Јокиќ, Јоковиќ или Ѓоковиќ? Спикерот на Јута џез се обрука, а и го понижи најкорисниот играч во НБА (Видео)

Иако Никола Јокиќ веќе прилично долго време е во НБА-лигата, а во последните две сезони го прогласуваат и за најкорисен во најсилната кошаркарска лига на светот, има спикери во САД кои не се потрудија да запаметат како се изговара неговото презиме.

На Јокиќ, Американците му се измислија прекар Џокер бидејќи некои на почетокот го изговараа Џокиќ, а спикерот на Јута џез рано утрово го претстави како Никола Јоковиќ!

Можеби слушнал нешто за тенисерот Новак Ѓоковиќ, па направи компилација од презимињата.

- Оглас -

Најнови вести