Јокиќ како брз воз го прегази Њујорк, постигна повеќе поени од минути на терен (Видео)

Никола Јокиќ беше нерешлива енигма за кошаркарите на Њујорк никс и со нова импресивна партија баскет го предводеше Денвер нагетс до победа од 113:99.

Популарниот Џокер постигна 32 поени, а играше само 27 минути и тоа во три четвртини, а имаше и 11 скока и пет асистенции.

Денвер се изтамни по бројот на победи и порази и сега има биланс 11-11 за седмо место во Западната конференција.

Њујорк влезе во минус со 12-от пораз, а има и 11 победи што засега е доволно за 11. позиција во Источната конференција во НБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести