Јокиќ ќе дебитира како стартер на Олстар-меч, изборот ќе го прослави со многу поени против Кливленд

8401 Никола Јокиќ (НБА, Кливленд кавалирс – Денвер нагетс, 01 часот)

Центарот на Денвер нагетс игра феноменално сезонава во НБА-лигата и е убедливо најдобар поентер на тимот, или вкупно на осмотто место на листата со најдобри стрелци.

Јокиќ има просек од 27,4 поени и неколку меча на кои и буквално ги растури противниците со 40+ поени. Сосема заслужено е избран во првата петорка на Западната конференција за Олстар-мечот, што ќе му биде деби како стартер на атрактивните дуели меѓу најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

Ноќеска за Јокиќ задачата ќе биде полесна бидејќи ќе го нема Андре Драмонд за противник. Раководството на Кливленд одлучи да се обиде да го трампа Драмонд во мини-преодниот рок во февруари и тој нема да игра.

Интересно е што Јокиќ на последните пет меча против Кавалирс ниту еднаш не успеа да ја мине границата од 20 поени, но сезонава е многу поинква приказната на српскиот центар и типуваме дека ќе го наполни кошот на домаќините.

Предлог тип: >26.5 поени (1.80)

 

8415 Стефон Кари (НБА, Орландо меџик – Голден стејт вориорс, 01 часот)

И Стефон Кари очекувано ќе игра на Олстар-мечот и тоа ќе му биде седми настап на собирот на сите ѕвезди во НБА-лигата.

Бекот шутер на Голден стејт вориорс на импресивен начин се врати по повредата и веднаш се забележува неговото огромно влијание на тимот.

Воините сега имаат позитивен биланс од 16-13 во Западната конференција, откако без Кари беа на дното во последните две сезони.

Кари игра одлично против Орландо и на последниот меч им даде дури 40 поени, а на претходниот броеше до 33. Очекуваме хет-трик 30+ на еден од најдобрите шутери во историјата на НБА-лигата.

Предлог тип: >30.5 поени (1.80)

 

8480 Зајон Вилијамсон (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс, 02 часот)

Пред 15-на дена Зајон Вилијамсон беше најдобриот стрелец на мечот меѓу Пеликанс и Санс, што го доби неговиот тим Њу Орлеанс со 123:101.

Моќното крило на Пеликанс тогаш постигна 28 поени, а потоа влезе во импресивна серија на мечеви со 25+ поени. На Портланд му даде 36, претходно против Мемфис уфрли 31, против Детроит имаше 26, а и со Далас беше екстра-ефикасен повторно со 36 поени. Петката ја почна против Чикаго булс, на меч на кој постигна 29 поени.

Тоа му е учинокот на последните пет натпревари што ги одигра за Њу Орлеанс, со потврда дека големиот потенцијал и талент веќе го преточи и во квалитет, неопходен да биде еден од лидерите во НБА лигата во иднина. Од него многу се очекува во перспектива, а ние очекуваме ноќеска и шестти меч по ред Зајон да ја мине границата од 25 поени

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

8394 Калгари флејмс – Едомнтон ојлерс (НХЛ, 03 часот)

Калгари одигра 2-2 во последните четири натпревари во низа со Ванкувер канукс во чудната сезона во НХЛ, во која канадските тимови ќе играат само меѓу себе во регуларниот дел од 56 натпревари.

Сега Флејмс имаат нов противник од Канада, а на мегдан ноќеска ќе им излезе Едмонтон. Екипа која ги има најдобрите поентери во Лигата, Конор Мекдејвид со 32 поени како лидер во НХЛ и Леон Драисајтл со 28 поени, веднаш зад него.

Се очекува интересен дуел меѓу нив двајца и најдобриот тандем голгетери на Калгари, што го сочинуваат искусните Гудро и Линдхолм, заедно творци на 32 поени за Флејмс.

Натпреварите меѓу Калгари и Едмонтон во последно време се исклучително ефикасни, па нема причина и ноќеска серијата да биде прекината.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

8395 Ванкувер канукс – Винипег џетс (НХЛ, 04 часот)

Со победа од 4:1 пред точно 20 дена, Ванкувер конечно успеа да ја прекине црната серија од 10 порази против Винипег џетс.

Тоа беше и најдолгата активна низа од порази на тим во НХЛ лигата, што сепак заврши и тоа со убедлива победа на Ванкувер.

Сепак тоа не им донесе многу радост потоа на избраниците на Тревис Грин, кои се претпоследни во Северната дивизија во НХЛ, или во канадската група од 7 екипи, кои сезонава во регуларниот дел ќе играат само меѓусебе на 56 натпревари.

Винипег е на четвртото место, кое е последно што води во плејофот, но за доигрување е се уште ран, бидејќи не е завршена првата третина од регуларниот дел на сезоната.

Двата тима имаат одлични напаѓачи, Шифеле од Винипег и Бусер како топ-стрелец на Ванкувер се во Топ-10 на листата со најдбри поентери во НХЛ лигата. Со нив во одбраното друштво е и Квин Хјуз од Ванкувер, што само најавува ефикасен меч во канадското дерби ноќеска.

Ќе одиграме на победа на Џетс во меч со најмалку пет гола.

Предлог тип: 2&5+ (3.13)

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести