Јокиќ: Не ме споредувајте со Ѓоковиќ, тој ја претставува Србија на поголема сцена од мене

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ говореше за значењето на тенисерот и негов сонародник Новак Ѓоковиќ и не сака да се споредува со него бидејќи мисли дека Новак е многу позначајна личност.

„Искрено, немам број од Ѓоковиќ. Тој е човек кој ја претставува Србија на многу повисока сцена, тој е амбасадор на Србија. Новак е идол на децата во мојата земја, не само на теренот, туку и надвор од него поради сето она кое го прави неговата фондација“, вели Јокиќ, кому Ѓоковиќ му е пример.

„Тој е човек на кој можеш да се огледаш. Сакав да бидам како него. Новак врши одлична работа за децата, за Србија. Не можам да се рамнам со него“, додаде Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести