Јокиќ не памети кога постигнал помалку поени, а притоа беше исклучен од игра, нов неспортски потег на Грин (Видео)

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во последната минута од првото полувреме заработи исклучување откако поради приговор од судиите доби техничка грешка, која му беше втора на мечот.

Во моментите кога Денвер беше во напад, Јокиќ во дуел со Никола Вучевиќ шутна, но не погоди, додека се враќаше на својата половина му дофрли на судијата, кој без размислување му покажа техничка грешка и го исфрли од игра.

 

На овој потег негодуваа и навивачите на Чикаго, но и коментаторите.

„Ова е претерано, навивачи не се дојдени да ги гледааат судиите, туку двојниот МВП-играч“, беа зборовите на коментаторите.

Јокиќ мечот го заврши само со четири постигнати поени, но и без негова помош, Денвер славеше со 114:106. Листата на стрелци ја предводеше Реџи Џексон со 25 поени.

Далас маверикс и во вториот дуел сезонава славеше над ЛА лејкерс, овојпат со 127:125.

Дончиќ кој мечот го заврши со 33 поени и 17 асистенции, го имаше потегот на мечот кога од зад грб на противничкиот играч му асистираше на Џексон Хејс. Покрај Дончиќ, одлична партија прикажаа Тим Хардавај јуниор со 32 поени и Данке Ексум со 26 постигнати поени, додека кај Лејкерси најдобри беа Ентони Дејвис со 37 поени и 11 скока и Леброн Џејмс со 33 поени.

 

Дербито на Западната конференција меѓу Феникс санс и Голден стејт го одбележа неспортскиот потег на Дрејмонд Грин, кој поради удар во лицетот на Јусуф Нуркиќ, беше исклучен. На крајот славеше Феникс, иако играше без повредените Кевин Дуран и Бредли Бил. Кевин Букер беше најдобар со 32 поена, додека кај Голден стејт се истакна Стеф Кари со 24 поени.

ЛА клиперс продолжува со одличните игри и со 119:99 го победија Сакраменто.
Резултати: Бостон – Кливленд 120:113, Далас – ЛА лејкерс 127:125, Чикаго – Денвер 106:114, Феникс – Голден стејт 119:116, ЛА клиперс – Сакраменто 119:99.

 

- Оглас -

Најнови вести