Јокиќ одигра меч за историја, Денвер поведе против Лејкерс (Видео)

Денвер нагетс поведе со 1:0 во победи против Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција во НБА-плејофот откако славеше на домашен терен со 132:126 во првата средба.

Домаќините одлично го отворија дуелот и за кратко време беше 30:14 во еден дел од првата четвртина. Во текот на целата втора четвртина, Денвер ја сочува двоцифрената предност, а на почетокот на третиот квартал стигна и до највисока предност од 20 поени разлика (78:58).

Во овј дел до средбата доминираше Никола Јокиќ. Српскиот центар на Денвер одигра неверојатно токму до овој момент, кога домаќините имаа убедлива предност, па Јокиќ стигна до трипл-дабл само за 26 минути игра, кога на своето конто имаше запишано 23 поени, 17 скока и 11 асистенции.

За Јокиќ ова е шести трипл-дабл во овогодишниот плејоф и сега му недостасува само уште еден трипл-дабл за да се израмни со легендарниот Вилт Чемберлен, кој во далечната 1967 година, во плејофот одиграл седум средби со трипл-дабл учинок.

Лејкерси не се предадоа, од минута во минута ја намалуваа предноста на противникот, па во самата завршница стигнаа само на три поени негатива, кога беше 124:121 и 129:126. Сепак, домаќините во финишот не дозволија да ја прокоцкаат предноста која ја создаваа цел меч и на крајот успеаја да победат и да поведат со 1:0 во серијата подобар од седум.

На крајот, Јокиќ беше прва ѕвезда на Денвер со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции, а одличен беше и Џемал Мари со 31 поени. Кај Лејкерс, најдобар беше Леброн Џејмс, кој заврши со 26 поени, 12 скока и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести