Јокиќ рутинирано, „шамар“ за првакот во НБА-лигата

Изминатава ноќ се одиграа девет натпревари од НБА-лигата, а Никола Јокиќ и Денвер нагетс имаа рутинирана победа од 121:111 над Орландо меџик.

Српскиот кошаркар имаше дабл-дабл учинок од 26 коша и 15 скока, додека неговиот тим е на шестото место во Западната конференција.

Актуелниот првак, пак, Милвоки бакс пред пред своите навивачи беше шокиран од страна на Портланд трејлблејзерс и изгуби со 107:122. Без Јанис Адетокумбо во тимот, домаќините немаа сили за да му парираат на расположениот противник, додека најдобар поединец на теренот беше младиот Анферне Симонс, кој уфрли 31 поен.

НБА

Вашингтон визардс – Детроит пистонс 103:94

Бруклин нетс – Сакраменто кингс 109:85

Њујорк никс – Оклахома сити тандер 123:127

Чикаго булс – Сан Антонио спарс 120:109

Милвоки бакс – Портланд трејлблејзерс 107:122

Њу Орлеанс пеликанс – Торонто рапторс 120:90

Јута џез – Хјустон рокетс 135:101

Лос Анџелес клиперс – Голден стејт ворирорс 119:104

- Оглас -

Најнови вести