Јокиќ секоја сезона губи по два милиони долари само поради сојузната држава во којашто игра (Фото)

Додека се игра финалната серија на НБА-лигата помеѓу Денвер и Мајами, спортскиот и финансиски аналитичар Ендрју Петкеш направи интересна споредба на платите на двете најголеми ѕвезди на големото финале, Никола Јокиќ и Џими Батлер.

Јокиќ има за еден милион долари поголем финансиски договор од Батлер, но на крајот добива помалку пари од ѕведата на Мајами. Разликата е во сојузните држави од каде што се клубовите. Мајами е од Флорида, а таму има 0% данок, додека во Сојузната држава Колорадо, од каде што е Деневр, Јокиќ мора да плати 2.06 милиони долари дополнителен данок.

На крајот иако Јокиќ има повисок договор, Батлер заработува за 1,8 милиони долари повеќе од Србинот.

- Оглас -

Најнови вести