Јокиќ си прави што сака, Дончиќ и Ирвинг загубија во првиот заеднички меч, а ѕвезда на вечерта во НБА е едно девојче (Видео)

Лос Анџелес лејкерс извојува изненадувачка победа против Голден Стејт вориорс од 109-103, и тоа во меч на кој не играше суперѕвездата Леброн Џејмс. Но, Џејмс повторно беше во центарот на вниманието.

Тој седна на клупа да гледа, и едно девојче кое седеше до него имаше хит реакција кога виде кој е до нејзе, и веднаш стана ѕвезда на социјалните мрежи. После мечот, Леброн се поздрави и се фотографираше со девојчето.

Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ за првпат заиграа заедно во дресот на Далас маверикс, заедно постигнаа 55 поени, но нивниот тим загуби од Сакраменто по продолжение од пет минути.

Никола Јокиќ со 30 поени, 16 скока и 10 асистенции, го оствари својот 20-ти трипл-дабл сезонава и го предводеше Денвер до победа над Шарлот.

Вака изгледа кога вашиот идол случајно ќе седне до вас, и видеото станува вирално:

- Оглас -

Најнови вести