Јокиќ со „скромен“ трипл-дабл во убедливата победа на Денвер над Атланта (Видео)

Актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс, со убедлива победа над Атланта се врати на врвот од табелата во Западната конференција. Јокиќ и соиграчите немаа милост за противникот и победија со 142-110 во меч во кој Денвер ги доби сите четири четвртини.

Шампионот уште од првата секунда на паркетот покажа зошто е шампион и најголем кандидат за одбрана на титулата во НБА лигата. Никола Јокиќ имаше „скромен“ учинок на овој натпревар од „само“ 19 поени, но 14 скока и 11 асистенции, што беше доволно за нов трипл-дабл.

Резултати:

Бруклин – Детроит 113-103
Мемфис – Филаделфија 96-116
Денвер – Атланта 142-110

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести