Јокиќ со страшен трипл-дабл ја реши драмата во Денвер, Ембид му конкурира со педесетка (Видео)

Никола Јокиќ со асистенција за драматична победа на Денвер нагетс против Лос Анџелес клиперс во продолженија стаса до фантастичен трипл-дабл од 49 поени 14 скока и 10 асистенции, во ноќ во која доминираа и Џоел Ембид со 50 поени за Филаделфија и Леброн Џејмс со историски рекорд.

Јокиќ имаше фантастично додавање до Арон Гордон на пет секунди до крајот на продолжението, а неговиот соиграч погоди клучна тројка за победа од 130:128 по продолженија.

https://twitter.com/NBA/status/1484039943882223620?s=20

За српскиот центар тоа беше десеттата асистенција на драматичниот меч на кој постигна феноменални 49 поени и имаше и 14 скока

Но и тоа не беше најдоброто поентерско достигнување во прекрасната ноќ во НБА лигата.

Џоел Ембид постигна 50 поени за Филаделфија во победата против Орландо Меџик со 123:110.

Центарот на 76-те приреди чудесен подвиг во првата четвртина во која од првите 22 поени на тимот, сам постигна 20, а вкупно броеше до 50 поени за само 27 минути игра.

Одличен настап имаше и Леброн Џејмс во историска ноќ за него. Кралот на кошарката постигна 30 ооени со 12 скока и пет асистенции во поразот на Лос Анџелес лејкерс против Индијана пејсерс со 104:111 и стана првиот кошаркар со над 30 илјади поени, над 10 илјади скока и над 9 илјади асистенции.

 

https://twitter.com/BleacherReport/status/1484041443534594048?s=20

Леброн имаше неколку атрактивни потези, но Лејкерс го претрпеа и четвртиот пораз на последните пет меча и имаат негативен биланс од 22 победи и 23 порази.

https://twitter.com/NBA/status/1484023542001901569?s=20

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести