Јокиќ во стилот на Џордан погоди за победа на Денвер, заврши победничката серија на Лејкерс (Видео)

Денвер славеше тесна победа од 100:98, и тоа по продолжение од пет минути на гостувањето кај Минесота. Иако дуелот не беше ефикасен, неизвесно беше до самиот крај. Денвер уште во регуларниот дел можеше да стигне до победата, но гостите имаа несфатлив пад во играта и цели седум минути не постигнаа кош, па Минесота со серија од 16:0 стигна до нерешено и се избори за продолжение.

Во дополнителните пет минути беше 98:98, а Денвер имаше напад за победа. Топката дојде до Никола Јокиќ, а Србинот во стилот на најдобрите кошаркари, со чекор наназад успеа да погоди за победа.

Лос Анџелес лејкерс ја прекина низата од седум победи откако на свој терен загуби од Торонто со 113:104. Рептилите покажаа зошто се актуелни прваци на НБА и иако имаа проблеми со пвредени играчи, со подобра игра во последната четвртина (35:26) стигнаа до триумф.

Паскал Сијакам беше предводник на Торонто со 24 поени, 11 скока, 4 асистенции и три блокади.

Во останатите мечеви кои се одиграа утрово во НБА: Орландо – Индијана 102:109, Филаделфија – Шарлот 114:106, Оклахома – Милвоки 119:121, Њујорк – Кливленд 87:108, Феникс – Бруклин 138:112, Портланд – Атланта 124:113.

- Оглас -

Најнови вести