Јокиќ за малку несакајќи ќе го нокаутираше тренерот на Кливленд (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар на кој оствари трипл-дабл во победата од 130:101 над Кливленд кавалирс во дуелот на третопласираните екипи на Западот и на Истокот.

Јокиќ мечот го заврши со 26 поени, 18 скока и 16 асистенции, со што дојде до 128-миот трипл-дабл во кариерата, а интересен момент се случи во првата четвртина кога малку фалеше тој да го нокаутира противничкиот тренер Џеј-Би Бикерстаф.

Имено, тренерот Бикерстаф не се тргна од аут-линијата во моментите кога Јокиќ ја исфрлаше топката и малку фалеше несакајќи да биде нокаутиран од ѕвездата на Денвер.

- Оглас -

Најнови вести