Јончевски со четворица „странци“ оди на мегдан против Естонија и Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави скратениот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2025.

Првиот натпревар кошаркарите ќе го одиграат на 23 февруари во Скопје против селекцијата на Естонија, а три дена подоцна ќе ѝ гостуваат на Полска.

Првиот тренинг е закажан за 19 февруари со почеток во 18:00 часот, во СРЦ „Кале“.

Список на повикани кошаркари:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Андреј Маслинко – Пелистер
Амар Хот – Пелистер
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

 

- Оглас -

Најнови вести