Јосип Иличиќ направи неочекуван трансфер во словенечката лига! (Видео)

Словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ е претставен како нов играч на Марибор. Ова е огромно засилување за Виолетовите, кои во моментов се четврти на табелата со 13 бода помалку од лидерот Олимпија.

Иличиќ и во минатото беше член на Марибор, но остана многу кратко. Најпознат е по неговите 12 сезони во Италија, особено блескаше во Аталанта. Договорот со Марибор му е до 2025 година.

Претставувањето беше во трговски центар, каде што се собраа многу новинари и фанови.

 

- Оглас -

Најнови вести