Јотовски со победа во Тунис, Србљак и Мицов поразени во Белград

Томислав Јотовски се пласираше во второто коло на турнирот во Табарка, Тунис, откако со 6-1, 6-3 го совлада Рајан Стабл од Франција. Јотовски има нагорна форма, а во следната рунда за ривал ќе има многу подобро рангиран тенисер од него, вториот носител на турнирот, Јакуб Пол од Швајцарија.

Македонските тенисери кои играа на турнирот во Белград немаа среќа и настапот го завршија во првата рунда. Горазд Србљак загуби со 2-6, 4-6 од јуниорот Хамад Меѓедовиќ од Србија, додека Стефан Мицов даде силен отпор против Русинот Артем Дубривњи со 5-7, 6-7. Дубривњи е втор носител на турнирот во Белград.

Во квалификациите во Белград учествуваа и Бесир Дургути и Шендрит Деари, но не успеаја да се пласираат на главниот турнир. Деари беше елиминиран од Мицов во македонското дерби.

- Оглас -

Најнови вести