Јотовски со пресврт дојде до победа во Анталија

По паузата од околу седум месеци, најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски полека се враќа во форма.

Тој во првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Анталија (се игра на земјена подлога, со награден фонд од 15.000 долари) го совлада Романецот Влад Андреј Данку со 1-6, 6-3, 7-6.

Откако убедливо го загуби првиот сет, македонскиот тенисер фуриозно тргна во вториот и поведе со 5-0, па иако ривалот зеде три гејма по ред, Јотовски без проблем го освои со 6-3. Во третиот сет, Јотовски имаше 5-3, а при 5-4 испушти меч-поен, па Данку изедначи. Во тај-брејкот, Јотовски губеше со 2-4 и 4-5, но откако испушти уште еден меч-поен при 6-5, ја искористои третата и славеше со 8-6.

Во следното коло Јотовски ќе игра против Луис Веселс, кој е четврти носител, или против Романецот Дан Алекандру Томеску.

- Оглас -

Најнови вести