Јовиќ му кажа „да“ на Милан

Лука Јовиќ се согласил на преселба во редовите на Милан, известуваат италијанските медиуми. Росонерите наводно ги започнале преговорите со Реал Мадрид околу услугите на српскиот голгетер кој треба да биде првото големо засилување за следната сезона.

Кралевите се обидуваат да се ослободат од Јовиќ откако го загубија трпението со екснапаѓачот на Ајнтрахт по прекршувањата на препораките за самоизолација, но и фактот што сам се повреди во домашни услови. Во тековната сезона иако запиша 24 настапи, Јовиќ не ги оправда потрошените 60 милиони евра за неговите услуги, што е причина плус за Зидан да му дозволи да си замине.

Во Милан го гледаат како наследник на искусниот Ибрахимовиќ, а дополнителна позитивна работа е што Јовиќ повторно ќе игра со Анте Ребиќ, хрватскиот репрезентативец со кого ја делеше соблекувална во Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести