Јовиќ утре нема да добие шанса да заигра на стадионот на кој го даде најубавиот гол за Реал

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ, нема да отпатува со останатите фудбалери на Реал Мадрид на гостувањето кај Осасуна, иако беше ставен на листата од 23 играчи кои се кандидати да играат утре на „Ел Садар“. Објаснувањето од Реал е дека Јовиќ има мускулна повреда на левата нога.

Јовиќ и онака не добива шанса да покаже што знае, па неговото неиграње и не е толку голем хендикеп за Реал, но во минатата сезона кога Кралскиот клуб гостуваше кај Осасуна, и победи со 4-1, четвртиот гол го даде токму Јовиќ и тоа со прекрасен волеј удар. Тоа е најубавиот гол на Јовиќ во дресот на Реал, и за негова жал, нема да добие прилика утре да го повтори тоа.

Освен Јовиќ, кај Реал повреден е и Родриго, а суспендиран е Карвахал, и тоа се трите отсуства во тимот на тренерот Зидан. Имаше најави за снежно не време во Памплона и тоа се оствари и ако нема услови да се игра утре од 21 часот, тогаш средбата Осасуна – Реал Мадрид веројатно ќе се презакаже за в недела во 12, но тоа не е посакувана варијанта за домашните кои веќе во вторник имаат друг меч.

- Оглас -

Најнови вести