Јубилеј за Ѓоковиќ – 250 недели на врвот

Новак Ѓоковиќ ќе ја мине и 250-тата недела на врвот на ранг-листата на АТП . Неговото неделно владеење ќе започе со 11.160 поени, дури 3.395 повеќе од второпласираниот Рафаел Надал.

Ѓоковиќ воедно е петти тенисер кој го достигнал овој јубилеј, а само четворица тенисери во историјата ја носеле титулата најдобар на светот подолг период од Србинот. Тоа се Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (310).

Доколку ја задржи лидерската позиција, Ѓоковиќ во септември ќе може да го престигне Конорс. До крајот на сезоната, Ѓоковиќ ќе брани 7.755 поени, со надеж дека и по шести пат во кариерата годината ќе ја заврши на првото место.

Зад Ѓоковиќ и Надал е швајцарскиот маестро Роџер Федерер, кој третата позиција ја презеде од Александар Зверев. Топ 10 комплетираат Доминик Тим, Кевин Андерсон, Кеј Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Стефанос Циципас и Џон Иснер.

- Оглас -

Најнови вести