Јубилејна 50-та победа на Ѓоковиќ во 2019 година

Новак Ѓоковиќ стигна до јубилејната 50-та победа во 2019 година откако беше подобар од Кајл Едмуд по два сета со 7-6, 6-1 во осминафиналната пресметка на Мастерс турнирот во Париз. Српскиот тенисер го вади максимумот во својата последна недела како лидер на ранг-листата на АТП, па за 83 минути го среди Британецот за пласман меѓу осумте најдобри.

Ѓоковиќ пропушти две прилики за да поведе по првиот сет при резултат од 6-5, па за водство мораше да игра тајбрејк, а потоа го скрши отпорот на Едмунд со три брејка едноподруго за 6-1 со користење на првата меч-топка.

За пласман во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас, кој претходно денеска го совлада Алекс де Минур со 6-3, 6-4.

- Оглас -

Најнови вести