Југословенски Динамо Загреб

Со ангажманот на Црногорецот Стефан Милиќ, во редовите на Динамо Загреб има барем по еден член кој потекнува од поранешните земји на Југославија.

Со ексфудбалерот на Будуќност, кој од вчера ја задолжи опремата на Модрите, хрватскиот шампион стана првиот клуб на Балканот кој ги отвори вратите за сите фудбалери од просторите на поранешна Југославија.

Капитенот Аријан Адеми е наш претставник од Македонија, тројца играчи се од БиХ – Изет Хајровиќ, Амер Гојак и Лука Менало. Комнен Андриќ и Дамјан Даничиќ се од Србија, Петар Стојановиќ ја застапува Словенија.

- Оглас -

Најнови вести