Југословенскиот Дрим тим би го победил Дрим тимот на САД

Еден од највлијателните спортски весници, шпанската „Марка“ реши да направи анализа за тоа какви се шансите за некој да го победи кошаркарскиот Дрим тим на САД. Во направената анализа и дадените можности на навивачите да гласаат дали екипа составена од ѕвезди од земјите од поранешна СФР Југославија може да го победат моментно најсилниот состав на САД, дури 63 отсто даваат шанси на балканскиот Дрим тим.

Според проценките, тимот од 12 играчи кои може да се спротистави на Американците, а е составен од играчи од поранешна Југославија го сочинуваат: Милош Теодосиќ, Василије Мициќ и Горан Драгиќ како плејмејкери, потоа Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица, Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ како главна ѕвезда како играчи кои може да играат до позицијата „три“.

Под обрачите борба треба да водат Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов, Дарио Шариќ и Бојан Дублјевиќ.

Според анализата на „Марка“, овие 12-мина кошаркари може во секој момент да им дадат големи проблеми на американските НБА-ѕвезди, а речиси две третини од фановите веруваат и во победа на југословенскиот Дрим тим.

- Оглас -

Најнови вести