Јунајтед губи во Кипар по првиот дел, Трабзон и Барди уште сега може да запишат нов пораз

Екипата на Омонија Никозија изненадувачки води со 1:0 против Манчестер јунајтед по првото полувреме од третото коло во Лигата на Европа. Иако Црвените ѓаволи доминираат на теренот, домашниот тим благодарение на Ансарифард во 34-тата минута, на одмор замина со предност од 1:0.

Пред сигурен пораз се наоѓа турскиот шампион Трабзонспор, кој губи со 2:0 на гостувањето кај Монако, а згора на тоа има и играч помалку. Глупоста на Макси Гомез, кој доби директен црвен картон, Монако ја искористи да постигне два гола преку Бен Једер. Енис Барди е дел од првиот тим на Трабзонспор.

Црвена ѕвезда има сигурни 2:0 по првиот дел, а најубедлив е ПСВ Ајндховен, кој води дури со 0:4 против Цирих. Гол по првиот дел има само уште на дуелот Хелсинки – Лудогорец, каде што гостите водат благодарение на голот на Тисара.

- Оглас -

Најнови вести