Јунајтед ќе ја зграпчи шансата за трето место, очекувајте голови на „Џузепе Меаца“

Манчестер јунајтед – Саутхемптон (21ч)

Со четири победи во низа со три или повеќе гола разлика, Манчестер јунајтед влезе во неверојатен ритам и на погон на одличниот Бруно Фернандеш ита кон третата позиција во ПЛ и пласман во Лигата на шампионите. Црвените ѓаволи вечерва имаат „зицер-ситуација“ со триумф да застанат пред Челзи и Лестер на три кола до крајот на првенството.

Светците загубија на три од последните четири гостувања на „Олд Трафорд“ со просек од два примени погодоци, па затоа им се предвидува ново разочарување со оглед на тоа дека тимот на Солскјер оствари пет победи во низа на домашен терен во сите натпреварувања, ако се сметаат и мечевите пред паузата.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.78)

 

Интер – Торино (21:45ч)

Интер е без победа во претходните две кола, па затоа позитивен резултат е императив за Нераѕурите во дуелот против Торино. Избраниците на Антонио Конте имаат шанса да ја загрозат позицијата на Лацио, кој е втор на табелата, со евентуална победа ќе имаат еднаков број бодови.

Интер има добар биланс против Торино. Ако се земат предвид последните пет меѓусебни средби на „Џузепе Меаца“, во три од нив се радуваше, додека два меча им припаднаа на Биковите. Веќе е стандард во дуел на овие две екипи да се тресат мрежите на двете страни, а често тоа се случува повеќекратно.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

Гранада – Реал Мадрид (22ч)

Според минатите меѓусебни дуели, Гранада треба да се пази да не настрада од канонада бидејќи Реал Мадрид редовно го користи арсеналот против оваа екипа. Кралевите реализираа вкупно 16 погодоци во последните пет дуели против Гранада, а пред тоа паметат огромен триумф од 9-1 во 2015 година.

Воедно тимот на Зидан е во неверојатна серија од осум победи откако продолжи првенството во Ла Лига, со кои поведе во трката за шампионската титула пред бранителот Барселона. Но, треба да се знае дека во тие девет триумфи, Кралевите само двапати постигнаа три гола, сите останати средби ги добија со минимален резултат или доволни два погодоци, додека Куртоа веќе пет меча успева да ја сочува мрежата.

Предлог тип: Т2 1+ & 2>1 (2.28)

 

Вилјареал – Реал Сосиедад (19:30ч)

Жолтата подморница за овој дуел не може да смета на ниеден од тројцата напаѓачи Морено, Бака и Алкасер, па затоа мисијата да триумфираат против Сосиедад ќе им биде потешка за остварување. Позитивен резултат за Вилјареал ќе значи и дефинитивен пласман во Лигата на Европа, што е голем напредок во пласманот во однос на минатата сезона, кога заврши на 14-тото место.

Едно е сигурно, возбуда нема да недостасува на стадионот „Де ла Серамика“ бидејќи кога гостува Сосиедад, често се случуваат голеади. Последните четири меѓусебни дуели во кои Вилјареал е домаќин завршија со голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.86)

 

Маритимо  – Рио Аве (20ч)

Рио Аве води тесна битка за пласман во Лигата на Европа со Фамаликао и затоа вечерва им е потребна победа. Сепак, Маритимо влезе во форма и има три последователни победи без примен гол, од кои една е против Бенфика, па иако не им се потребни бодови, нема лесно да се предадат на домашен терен.

Рио Аве е трета најефикасна екипа во гостински дуели сезонава во Примеира, а она што им дава надеж за позитивен резултат вечерва е фактот што го освоија теренот на Маритимо и во последната пресметка.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести