Јунајтед конечно го победи Барнли дома, но прослави и неславен јубилеј (видео)

Манчестер јунајтед по речиси пет години пауза конечно триумфираше против Барнли на „Олд трафорд“ со конечните 3-1 обезбедени во финишот од средбата. Црвените ѓаволи во поголемиот дел од средбата се мачеа против тимот кој се бори за опстанок во елитата, но конечно ја прекинаа низата на лоши резултати на домашен терен против оваа екипа.

Гринвуд во 48-та минута ја отвори средбата откако Рашфорд повлече контранапад и му асистираше на помладиот сонародник. Само 114 секунди подоцна Барнли израмни преку Тарковски, а тој гол беше јубилеен 1000-ти во мрежата на Манчестер јунајтед кога во прашање е Премиер лигата.

https://twitter.com/MarqueriteGayt1/status/1383815226466869255

Талентираниот офанзивец на Јунајтед реши сам да ги освои бодовите, па во 84-тата минута по вторпат се запиша како стрелец, со мала помош на противничкиот играч кој го смени правецот на топката пред да влезе во голот на Барнли. Пред последниот судиски свижер, Бруно повлече контранапад кој Кавани го претвори во гол за 3-1 и разрешување на дилемите.

За Манчестер ова е 19-та победа во англискиот шампионат, односно петта во низа, со која ја намали негативата на осум бода во однос на градскиот ривал Сити, кој со 74 бода е лидер на шест кола до крајот.

https://twitter.com/MarqueriteGayt1/status/1383823642807599113

- Оглас -

Најнови вести