Јунајтед со интерес за голман кој испадна од Премиер лигата, Онана продолжува во Саудиска Арабија?!

Манчестер јунајтед е во потрага по голман за наредната сезона. Многу имиња се во игра, а се чини дека изборот ќе падне на чуварот на мрежата на Саутхемптон, Арон Рамсдејл.

Голманот кој минатото лето од Арсенал се пресели во редовите на Светците, летово ќе си замине бидејќи екипата испадна од Премиер лигата, па тоа е одлична шанса за Црвените ѓаволи да добијат искусен голман.

На трпението за Андре Онана му дојде крајот, па тој не беше дел од составот на Манчестер јунајтед во поразот од Њукасл, а според информациите од Островот, налето тој ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Сепак, Црвените ѓаволи ќе имаат конкуренција во трката за потписот на Рамсдејл бидејќи интерес за него има и од екипата на Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести