Јунајтед тргна по Нерес, Ајакс со сите сили се обидува да го задржи

Крилниот офанзивец на Ајакс, Давид Нерес, е последната желба на предводникот на Црвените ѓаволи Оле Гунар Солскјер, за летниот преоден рок. Јунајтед сака да доведе квалитетно засилување во нападот, па затоа е испратена понуда за Бразилецот на Копјаниците вредна 60 милиони евра.

Солскјер има намера да купи уште еден играч пред крајот на трансфер пазарот во Премиер лигата, а Нерес би донел свежина во тимот и бил бил доста корисен по крилните позиции. Сепак, холандскиот првак нема лесно да се откаже од својот фудбалер, па затоа му понудија нов, доглогодишен договор на Нерес.

Бразилецот сега е во дилема дали да остане во Амстердам или да го прифати големиот предизвик, но нема многу време за размислување бидејќи преодниот рок во англиската елита завршува утре. Останува да се види кој од двата тима ќе биде поупорен во својата намера.

Ајакс летово остана без неколку клучни играчи како Де Лихт, Де Јонг, Шене, а Нерес би можел да биде следниот кој ќе ја напушти „Јохан Кројф“ арена.

- Оглас -

Најнови вести