Јунајтед вечерва ќе дели црвени картони за навивачите на Сити на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед не успеа да ги продаде сите билети за дербито вечерва во Карабао купот против градскиот ривал Манчестер сити, а домаќините ќе ги исфрлат сите што ќе навиваат за сините на делот од трибините што се предвидени за симпатизерите на „црвените ѓаволи“.

За фановите на Манчестер сити има околу 3 илјади билети, но во најтрофејниот англиски клуб стравуваат од уште поголема посета на симпатизерите на големиот ривал, бидејќи дел од влезниците се пуштени во слободна продажба.

И предупредуваат дека секој што ќе го бодри Манчестер сити на делот од трибините на „Олд Трафорд“ што не е од гостинскиот сектор веднаш ќе биде исфрлен од стадионот.

Се очекува дербито да го гледаат околу 70 илјади луѓе на култниот стадион на Манчестер јунајтед, кој има капацитет од 76 илјади места.

Рекордот се уште е важечки од полуфиналниот меч, токму против Манчестер сити во 2010 година, кога Вејн Руни со гол во судиското продолжение израдува голем дел од вкупно 74.567 луѓе кои беа пристуни на „Олд Трафорд“.

Домаќините очекуваа дека вечерва ќе го урнат рекордот, но според проценките не можат да продадат најмалку 6 илјади билети и ќе бидат зијан околу 200 илјади фунти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести