Јунајтед за 40 милиони евра купи 18-годишен талент кој запиша само пет настапи за Аталанта

Манчестер јунајтед го договори првото засилување за зимскиот преоден рок. За сума од 40 милиони евра, од кои 15 милиони евра ќе бидат исплатени во бонуси, на „Олд трафорд“ доаѓа Амад Дијало, талентираниот крилен офанзивец на Аталанта.

Дијало минатата сезона дебитираше за Божицата и досега запиша вкупно пет сениорски настапи, од кои еден меч играше во Лигата на шампионите.

Производот на тимот од Бергамо добро се покажа во младинските категории во Италија, па така овој 18-годишен талент со потекло од Брегот на Слоновата Коска кариерата ќе ја продолжи во редовите на 20-кратниот англиски првак.

Со оглед на конкуренцијата во Јунајтед, Дијало ќе мора да се бори за минутажа, но дефинитивно е засилување за во иднина од кого се очекува многу.

- Оглас -

Најнови вести