Јунак е Калин Ивановски, Македонија има тениски бисер во третото коло на Вимблдон

Калин Ивановски одигра нов блескав меч на Вимблдон и обезеди настап во осминафиналето на престижниот гренслем во Лондон во јуниорска конкуренција со победа од 2:0 против Едис Бутвилас.

Во неизвесен меч, македонскиот тениски бисер кој има 17 години успеа да биде посмирен во финишот на двата сета и да забележи голема победа од 7:6, 7:6.

Ова е прво учество на македонски јуниор во третото коло на Вимблдон, а Калин има шанса да оди и уште подалеку. Против Бутвилас одигра многу искусно во текот на целиот меч и покажа дека има и талент и квалитет за големи дела.

Во тај-брејкот во првиот сет направи клучен брејк за предност од 3:1 и не дозволи изненадување, па со 7:4 во поени поведе со 1:0 во сетови.

Голема битка имаше и во вториот сет, а повторно завршниот удар го зададе нашиот тенисер. При предност од 5:4, не искористи две меч-топки, Бутилас се спаси од негатива од 15:40, но потоа Калин во нов тај-брејк стигна до победа.

Поведе со 4:1 во поени, противникот успеа со три поени да израмни на 4:4, но Македонецот го издржа притисокот и при резултат од 6:6 во поени со два прецизни удари по ред славеше со 8:6 во вториот тај-брејк за вредна победа што му донесе настап во третата рунда на Вимблдон.

Ривал за место меѓу осумте најдобри јуниори на Вимблдон ќе му биде победникот од дуелот меѓу Британецот Пинингтон и Луреиро од Бразил.

 

 

- Оглас -

Најнови вести