Јунак во сенка: Ристовски дојде за половина час, одигра беспрекорни 80 минути

Стефан Ристовски е јунакот во сенка, а неправдено ќе биде да не се истакне неговиот натчовечки напор, да игра и да и помогне на Македонија против Словенија, иако не е доволно физички подготвен и заради тоа и не настапува за Спортинг Лисабон.

Планот беше десниот бек да одигра 30-на минути, но тој издржа беспоштедна битка со Словенците до самиот финиш на мечот, кога беше заменет со Ѓоко Зајков во 81. минута. Спортинг специјално испрати во Скопје и човек од нивниот стручен штаб, задолжен за кондицискиот дел, а Ристовски стисна заби и покажа срце јуначко.

„Планот беше да одиграм поливина час, а Спортинг прати и човек да следи, но не можев против големата желба да и помогнам на репрезентацијата. По природа сум човек што не се предава, а и оваа генерација може да се носи со сите репрезентации од нашата група. Да се одмориме малку па и одиме на мегдан на Полска“, изјави Ристовски.

Тој има уште една дополнителна причина за радост, бидејќи неговиот помал брат Милан играше за младата репрезентација на Македонија, која претходно, вчера од 17 часот играше со Црна Гора и победи со 2:1 во квалификациски меч за ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести