Јунакот Кјер ќе биде нов капитен на Милан, поддршка и од навивачите на Интер

Калчолигашот Милан размислува да го назначи данскиот дефанзивец Симон Кјер за капитен на тимот. Оваа идеја кај Росонерите се појави откако Кјер прв притрча да му помогне и почна да му го спасува животот на соиграчот Кристијан Ериксен.

Кјер го намести онесвестениот Ериксен на страна за да се увери дека нема да го голтне јазикот, а потоа побара од другите дански репрезентативци да направат круг околу Ериксен за камерите да не може да снимаат додека лекарите се бореа да го активираат срцето на фудбалерот на Интер. Потоа Кјер ја тешеше расплаканата сопруга на Ериксен, Сабрина, која мислела дека Кристијан е мртов.

Потезите на Кјер не останаа незабележано од Милан, а нивниот капитен Ромањоли не е редовен стартер и можеби ќе си замине, додека заменикот-капитен Донарума е пред трансфер во ПСЖ. Сето ова придонесе Кјер да биде фаворит за нов капитен на Милан.

Градските ривали на Милан, фановите на Интер, истакнаа банери со кои го поздравија Кјер и го нарекуваат голем човек и капитен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести