Јунакот на Модрите верува дека Динамо може да ја освои Конференциската лига

Динамо Загреб направи подвиг со елиминацијата на шпанскиот Бетис, а утре Модрите, за кои во Европа игра Стефан Ристовски, ќе го добијат својот противник за осминафиналето во Конференциската лига.

Можби ривали за пресметките на 7 и 14 март им се Лил, Макаби Тел Авив, Викторија П’лзењ, Клуб Бриж, Астон вила, Фиорентина, ПАОК и Фенербахче.

Викторија во групната фаза двапати го победи Динамо, Астон вила е најскапиот тим во ова друштво, Фиорентина лани играше финале во Конференциската лига.

Јапонецот Такуро Канеко, кој го даде одлучувачкиот гол за Динамо вечерва, изјави дека нема лесни ривали, но ако тимот игра како против Бетис, може и да го освои ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести