Јунакот Томовски скромен: Победивме како колектив, голманите сме како тим во тим!

Голманот Мартин Томовски имаше блескаво издание со 12 одбрани и даде голем придонес во победата над Швајцарија.

„Чувството по победата е прекрасно, победивме како колектив. И тие на теренот, и тие на клупата, и тие зад клупата, сите смогнавме сили, променивме некои работи од претходните мечеви. Нападот беше ефикасен, одбраната беше на ниво, благодарност до нив, честитки на колегите за победата која многу ни значи. Се издигнавме и покажавме нешто сосема различно“, вели Томовски, чие име се скандираше од Фалангата во Берлин.

Томовски не сака заслугите да си ги препишува себеси.

„Имаше и добри моменти и тешки периоди, најважно е да останеме скромни. Кој и да беше од нас, верувам дека ќе ја завршеше работата, дали Никола, јас, Марко, ние голманите сме како тим во тим“, додава Томовски.

- Оглас -

Најнови вести