Јуниорска шампионка во пливање во нива си направи мини базен за да може да тренинра

Иман Авдиќ е 13-годишна пливачка од Босна и Херцеговина која е шампионска во јуниорска конкуренција на својата земја. Поради пандемијата со Коронавирусот, и младата Иман како и останатите спортисти, не може нормално да тренира.

Во домашни услови за да ја задржи формата, таткото на Иман, Евелин смислил начин како да ѝ овозможи на нејзината ќерка да тренира. Во нивата која ја имаат, бил направен базен со димензии 3×2 метри, каде Иман секојдневно може да тренира.

„Ова е многу чудно за мене, но успеавам сѐ да сработам како и претходно, само на малку поинаков начин. Јас сим многу среќна затоа што повторно можам да пливам. Многу ми фали базенот, но можам да се прилагодам на овие услови“, рече Иман, која  ги држи државните рекорди на БиХ на 50 и 1.500 метри слободен стил, како и на 100, 200 и 400 метри мешано и на 200 метри дефлин, градно и грбно.

- Оглас -

Најнови вести