Јусејн Болт ѝ даде „молњевито“ име на ќерка му (Фото)

Јусејн Болт и неговата партнерка Кејси Бенет пред два месеца на (19-ти мај) станаа родители, им се роди ќерка, а Јамајчанецот на „Твитер“ објави фотографија од девојчето и откри дека таа се вика Олимпија Лајтнинг.

Спринтерската ѕвезда и светски рекордер на 100 и 200 метри одлучи во името на ќерка му да внетме два поими кои се поврзуваат со него. Едното е Олимпија, што асоцира на Олимписки игри, настан на кој тој освои многу златни медали на спринтерските трки, а Лајтнинг на англиски значи молња, како што е еден од неговите прекари.

Болт рече дека нема да ја тера малата Олимпија Лајтнинг Болт да биде атлетичарка како него.

- Оглас -

Најнови вести