Со головите на Тимоти Веа во првото и Кенан Јилдиз во второто полувреме, Јувентус со 2-0 славеше победа во градското дерби против Торино.
За Бјанконерите ова е 78-ма победа во 159 дуели со градскиот ривал во „Дерби дела Моле“. Биковите не ја победиле Старата дама веќе девет и пол години, а како гостин, Торино дури 29 години не знае за триумф над Јуве.
Денеска 50-ти роденден прославува еден од најдобрите фудбалери во историјата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро. Тој во Јуве најчесто го носеше дресот со бројот 10, а вечерва вториот гол беше дело на актуелната „десетка“, Јилдиз.
il gol di Yildiz il giorno del compleanno di Del Piero è tutto per me#JuveToro pic.twitter.com/Vt9I0QCjdB
— g⛈️| posatenebre™️ (@farmiapezzi) November 9, 2024