Јуве е супершампионот на Италија, Елмас присуствуваше на пишување историја (Видео)

Јувентус го победи Наполи со 2-0 во италијанскиот Суперкуп, кој се одигра во Реџо Емилија. Стрелец на првиот гол беше Кристијано Роналдо, кој дојде до бројка од 760 гола во кариерата на официјални мечеви, надминувајќи ги сите други во историјата кои професионално играле фудбал. Од овие 760 гола на клупска и репрезентативна сцена, 85 му се во дресот на Јуве.

Три минути откако Роналдо даде гол, за тимот на Наполи заигра Елиф Елмас. Во 80-тата минута беше досуден пенал за Наполитанците, но искусниот Лоренцо Инсиње шутираше покрај голот. Инсиње не го издржа притисокот, ги има утнато сите три пенали кои ги извел против Јувентус.

Победата на Јуве ја потврди Мората во 96-тата минута.

Ова е голот на Кристијано:

https://twitter.com/i/status/1352007917696765952

- Оглас -

Најнови вести