Јуве, Јунајтед и Тотенхем понудија по 60, Лион бара 90 милиони евра за Ндомбеле

Играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле, имаше одлична сезона во дресот на француските Лавови, па летово е еден од најбараните играчи на трансфер-пазарот. За неговите услуги веќе има понуди на маса, Јувентус, Манчестер јунајтед и Тотенхем даваат по 60 милиони евра, но претседателот на Лион, Жан-Мишел Улас не сака да ја спушти цената.

Според него, Ндомбеле ќе замине само за 90 милиони евра, ни цент помалку. Доколку трите гиганти се согласат да ја платат бараната сума, Ндомбеле постави нов рекорд во клубот кога станува збор за продажба на играчи. Лион оствари рекордна заработка со продажбата на Корентен Толисо, кој за 42 милиони евра потпиша за Баерн Минхен, а Французинот воедно претставува и рекордно засилување на Баварците.

Инаку, Ндомбеле од неодамна доби повик и во репрезентацијата на Франција, а негова цел е да игра за клуб каде што ќе биде еден од главните играчи со цел да си обезбеди место во селекцијата на Триколорите за Европското првенство во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести